Борабата за победа над црнила кои ги донесе оваа Влада започнува сега. Првата добиена битка и казна од народот ненародното работење ќе биде победата на претседателските избори, а тоа ќе значии најава за предвремени парламентарни избори, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестот преде Влада.
Обраќајќи се на владиниот тим Мицковски им порача, дека казната за црнилата во економијата дополнително ќе стигне. До септември Македонија се задолжи за 350 милиони евра, а секое семејство за 45 илјади денари – ваквиот тренд вели мора да запре.
Граѓаните од пред Владата побараа оставка, но и ги повторија нивните барања, да запрат дополнителните даноци и крадењето на народот, да продолжи проектот за гасификација на Македонија, да биде формирана комисија која ќе ги преслуша снимаените разговори во последните две години и да се утврди одговорност за нарачателите, и да се почитува волјата на народот изразена на референдум. Закажаа нов протест за в сабота од Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.