Македонија и Црна Гора треба поинтензивно и пофокусирано да работат на економската соработка, за нејзината динамика и содржина за придобивка на граѓаните на двете држави. Треба да се следи примерот на одличната соработка што постои во одбраната, здравството, спортот, јавната управа и земјоделството, бидејќи поголемите инвестиции и добрите економски проекти ќе ја надградат квалитетно целокупната билатерална соработка.
Ова денеска го констатираа претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Црна Гора на Мило Ѓукановиќ, кој е во официјалната посета на Македонија.
Како што соопштија од Кабинетот на Џафери истакнал дека наш нагласен интерес е интензивирање на политичко безбедносната соработка во НАТО контекстот и пренесувањето на искуствата на Црна Гора на овој план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.