Да не беа странските инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ економијата ќе крахираше, а власта не ја поддржува домашната економија рече Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Неделен Брифинг со Сотир Костов“.
Ние треба да се фокусираме на она што никој денеска не зборува за дуалното образование, тоа е она кое им треба на компаниите, тоа е она кое компаниите го бараат како луѓе како човечка суровина за да го вработат, за да му дадат знаење, вештини и да можат тие луѓе утре да изградат семејства и да функционираат како луѓе кои што ќе помагаат и ќе допринесуваат за македонската економија. За високото образование зошто да не отвориме развојно истражувачки центри, зошто младите инженери еве би рекол на почетокот на мојата универзитетска кариера 1-2 решаваа да заминат, па денеска буквално секој после дипломската јас заминувам од овде и си го барам патот некаде надвор. Ајде да отвориме развојно истражувачки центри кои ги имаат големите компании, ајде да обезбедиме добра плата, тука да седат. Оваа власт ако ја погледнете структурата на бруто домашниот производ ќе видите дека да не се овие странските инвестиции кои се донесоа во минатото, ние денеска ќе бевме буквално банкрот, ќе беше доведено под прашање дали ќе можевме да исплатиме и да ги сервисираме обврските, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.