Дополнителниот заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски се сретнал со земјоделци во неколку скопски села.

Имав средба во село Стајковци со земјоделците од Стајковци, Црешево, Брњарци, Страчинци, Смилковци, Виниче, Сингилиќ и Арачиново.

Земјоделците од овој регион се соочија со штети во од 2016 година и 2018 година каде што се направени проценки на штетите кои се поминати на советотите во општина Гази Баба и општина Арачиново и истите се доставени до Владата, но веќе 3 години се уште нема одговор. И тука наидовме на истото прашање за неисплатените субвенции, мерката млад земјоделец, практично она што го слушам во другите региони го слушнав и тука.

Ветувам дека во наредниов период ќе се потрудам да дознаам каде е закочена работата во институциите, а после 12 април ќе работиме исклучливо за доброто на земјоделците! Објави на Фејсбук, дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.