Што со овој буџет за потребите на граѓаните е опфатено за нашите сограѓани во општина Радовиш? Според голем број на експерти овој буџет е нереален, а е најголем буџет во кој за жал нема спомнато ништо за општината од која јас и вие доаѓаме, а тоа е Радовиш. Нема ниту еден проект за 2019 година, а јас поднесов 9 амандмани кои се потреба за граѓаните на општина Радовиш, но за жал ниту еден од нив не беше прифатен, и реплицираше Нада Ципушева, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на пратеничката од СДСМ Милева Ѓорѓиева, на денешната собраниска расправа за буџетот за 2019 година.

Пратеничката Ципушева истакна дека поднела неколку амандмани за околните села во Радовиш, но од страна на владата ништо не било прифатено. Таа ја потсети пратеничката Ѓорѓиева дека во опозиција знаела да биде голем критичар, додека сега кога е на власт не прават ништо за граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.