Независната угостителска комора е првата комора која минатата недела го потпиша меморандумот за соработка во туризмот со министерството за економија за добивање овластување за издавање сертификати “SAFE TRAVELS”.
За македонските угостителски објекти од среда ќе се издаваат сертификати “ЧИСТО И СИГУРНО” (CLEAN & SAFE). Ваков сертификат ќе добиваат објекти кои ги применуваат и почитуваат во целост препораките и протоколите за работа во услови на пандемија, а ќе важи 6 месеци.
Кон македонската кампања “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” очекуваме да ни се приклучат и останатите релевнтни институции, комори и здруженија во издавањето на сертификати и печати за нивните индустрии за што се надеваме дека ќе биде поддржана и од сите државни и надлежни институции во интерес на подигање на јавната свест за зачувувањето на јавното здравје во посетата на сигурни објекти во кои правилно се почитуваат и применуваат препораките и протоколите за работа. Очекуваме голем интерес од угостителите за добивање на сертификати и печати за “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО”. Апликацијата за пријавување за добивање сертификат заинтересираните угостители, менаџери и сопственици на угоститителски објекти можат да ја пополнат на следниот линк: АПЛИКАЦИЈА – БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ И ПЕЧАТ “ЧИСТО И СИГУРНО” (https://forms.gle/
u8FejSjgSzUhDiwcA), велат од НУК
Швајцарските здруженија и асоцијација за трговија и туризам се првите кои започнаа со издавање на ваквите сертификати и печати “Clean & Safe”. Со оваа кампања и сертификација им дава на посетителите и гостите до знаење дека посетуваат трговски и угостителски објекти кои свесно се обврзале да ги почитуваат сите правила, процедури, препораки и протоколи за работа со кои се обезбедува и осигурува чист и безбеден престој. Швајцарската кампања „Clean & Safe“ е поддржана и од Switzerland Tourism.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.