Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа, вели Бранимир Јовановиќ, поранешниот советник на тогашниот министер за финансии на СДСМ Драган Тевдовски, коментирајќи ги денес презентираните мерки со кои владата воведе викенд без ДДВ за пазарење на гардероба, бела техника, мебел и сл.

Јовановиќ вели дека се надева дека од владата ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема.

На „Фејсбук“ тој пишува дека „Викенд без ДДВ“ е многу лоша мерка, по повеќе основи:

1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.

2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.

3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.

4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.