Пазарната цена на ЦНГ (CNG – Compressed Natural Gas) метан од денеска 03.01.2022 година порасна на ниво од 110 мкд кг/цнг и тоа порасна за неверојатни 120 отсто во однос на последната промена од 28.12.2021 кога изнесуваше 50 мкд кг/цнг. (Доколку се земе во предвид просечната цена на ЦНГ метан од претходниот месец која изнесуваше 46.83 мкд кг/цнг добиена како просек од 3-те ценовни промени во 12.2021 (30.11 44мкд кг/цнг, 07.12 46,5 мкд кг/цнг, 28.12 50 мкд кг/цнг), тогаш растот на цената (денешната во однос на просечната цена од претходниот месец) изнесува дури 135%!!!), пишува порталот pari.com.mk

Единствена компанија која го снабдува македонскиот пазар со овој енергенс/погонско гориво и која што го нуди на своите бензински пумпи е Макпетрол АД Скопје. Од неодамна од последниот квартал компанијата Окта АД Скопје го понуди овој енергенс во малопродажба на една од своите бензински пумпи, но со директна ценовна зависност од ценовната политика на Макпетрол АД Скопје имајќи го предвид фактот дека ја снабдува својата пумпа преку набавка на ЦНГ директно од Макпетрол. Со други зборови Макпетрол АД Скопје има монопол на македонскиот пазар од аспект на понуда на ЦНГ метан, но и од аспект на формирање на ценовна политика.

ЦНГ Метан е единствениот енергенс/погонско гориво чијашто цена не е регулирана од Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Со ваквата ценовна политика се врши целосна дестимулација да се користи во иднина метанот како енергенс / погонско гориво во нашата земја, што е тотално нелогично од аспект на заштита на животната средина кај нас во услови на висока загаденост, а истото гориво со истата намена и цел масовно се користи во Европска унија и е развиена целосна политика од ЕУ за стимулација на негово користење како зелено гориво, имајќи ја предвид еколошката карактеристика на ова гориво кое се смета за зелена енергија и е со речиси нулта емисија на штетни гасови, при што по струјата како погонска енергија се смета за гориво кое најмалку загадува и кое е гориво на иднината.

За споредба за разлика од цената на метан во Македонија којашто денеска во компанијата Макпетрол АД Скопје изнесува 110 мкд цнг/кг, а во компанијата Окта АД Скопје (која се снабдува со количини метан од Макпетрол) изнесува 112 мкд цнг/кг, во околните земји како и во земји на ЕУ денешната цена на ЦНГ метан изнесува:

Согласно наведените цени од останатите земји, во Македонија се плаќа моментално најскап килограм ЦНГ метан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.