Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, а повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во ноември 2019, во споредба со октомври 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0,8 отсто и во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Интермедијарни производи, освен енергија, за 0,4 отсто.
Во ноември 2019, во споредба со ноември 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за два отсто, Капитални производи за 1,3 отсто и Енергија за 1,3 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.