Основните продукти за заштита од коронавирусот кои се продаваат во аптеките (маски, алкохол, ракавици), се предвидени во вчерашната одлука на Владата за замрзнување на цените. Откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник со што всушност ќе стапи и во сила, од тој момент Пазарниот инспекторат ќе поче контроли во аптеките низ целата држава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според директорот Стојко Пауновски, Пазарниот инспекторат ќе ја спорведе секоја одлука на Владата и ќе врши засилен надзор.

Сфатете дека сме пазарна економија и дека само оние цени што ги формира државата се ограничени. Затоа, Владата излезе со дополнителни ограничувања на одредни цени. Сепак, оставаме простор да не изгубат и трговците. Гледаме каква е увозната цена и нормално, затоа ги враќаат цените на одредени проозводи со состојбата на 9 март, откако почна кризната ситуација, истакна Пауновски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната средба со дистрибутерите на храна и претставниците на големите супермаркети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.