Не 10 туку реално од 20 до 30 проценти треба да се зголеми цената на струјата за домаќинствата – тврдат енергетските експерти за Телма. Според нив, барањата на енергетските компании се реални поради високите цени на електричната енергија на берзите. Нивните проценки се слични со тие на Регулаторна, која кажа дека пресметките кои ги доставија енергетските компании, без ЕВН Хоум покажуваат дека поскапувањето треба да  биде 38 проценти. Но пресметките на енергетичарите и Регулаторна не се исти туку тројно повисоки од  калкулациите на Владата. Првите економски министри, беа децидни дека граѓаните по Нова година ќе добијат повисоки сметки за струја до максимум 10 проценти.

Јас и одамна кажав 20 до 30 посто е можда некое реално зголемување во овој момент за кај нас.Меѓутоа ќе видиме владата тука колку ќе помогне. Очекувам да биде така 20 до 30 посто. Тоа ќе значи секако голем удар врз домаќинствата не знам, можеби 25 проценти, не може сега вака од ракав да даваме цени- Антон Чаушевски, универзитетски професор.

За енергетичарите пак е јасно дека и да има политичка одлука, енергетската криза  скапо ќе ја платаат пак граѓаните. Според нив сега го плаќаме цехот, на тоа што 30 години не сме инвестирале во енергетиката.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.