Регулаторната Комисија донесе одлука цената на топлинската енергија да не се менува и покрај барањето на БЕГ за зголемување на цената, поради намалените приходи од домаќинставата кои веќе не плаќаат паушал за парното што не го користат.

Сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме со пандемијата ковид 19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки нај оправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје  да го користат овој енергенс – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Минатата година парното за корисниците нa БЕГ поевтини за 6%, а се намали и ДДВ-то од 18 на 5 проценти.

На градско парно се затоплуваат околу 50.000 домаќинства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.