Додека на светско ниво нафтата вртоглаво паѓа владата која ја предводи СДСМ ја покачува и упорно ги лаже и убедува граѓаните дека тоа нема да предизвика ценовен шок и инфлација, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека со овој чекор на владата, ќе настрадаат сите граѓани, бидејќи зголемената цена на нафтата и акцизата значи отворање на спиралата на инфлацијата: повисоки цени на превозот, повисоки цени на прехранбените и сите други производи.
Откако е СДСМ дојден на власт цената на дизелот е зголемена за фрапантни 40%.
Предвидувањата на светските аналитичари е дека цената на нафтата уште подолго време ќе остане ниска, само СДСМ ја покачува цената за да поединци се збогатуваат и профитираат и сето тоа врз грбот на веќе осиромашениот македонски народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Без економски план за санирање на здравствената и економската криза, додаваат, владата на СДСМ реши да собира пари од народот, преку зголемување на горивата и акцизата.
Зголемувањето на акцизата на горивата не само што ги засега буџетите на граѓаните на Република Македонија, туку тоа ги засега и стопанството и фирмите и компаниите, превозниците, таксистите и земјоделците.
Наместо подобар и побогат живот за граѓаните, СДСМ ги опљачка граѓаните и им донесе сиромаштија и глад, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.