Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Сител телевизија, вели дека 2018 година беше катастрофална година на економски план за Република Македонија.
-Зошто ова го велам? И оној скромен економски раст кој што нас ни се случува во оваа години по принципот пиши бриши економија ќе бидеме последните односно на дното во Европа во година кога државите во Европа без разлика дали станува збор за држави кои се дел од Европската унија или надвор од Европската унија бележат рекордни резултати, потенцираше Мицкоски.
Додава дека оној скромен економски раст што го имаме се темели на растот, односно зголемената побарувачка на производите на директните странски инвестиции во Технолошоко индустриско развојните зони, популарно наречени ТИРЗ-ови.
-Практично целокупната економија во 2018 година се темелеше на зголемената побарувачка на тие производствени капацитети. Ако ја видите автентичната домашна економија ќе видите дека таа бележи намалување, односно се намалува нејзиниот обем на економска активност, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за телевизија Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.