Царинските власти потврдија дека 11-те камиони запрени завчера на граничниот премин „Богородица“, натоварени со т.н. РДФ-отпад, биле само дел од поголема пратка и дека додека се чекаат резултатите од испитувањата за содржината на товарот, некои камиони веќе се пристигнати во Скопје

Осум камиони со гориво од отпад пристигнаа во царинско складиште во Скопје. Информацијата до „360 степени“ ја доставило лице кое сакало да остане анонимно. Како што објави „360 степени“ до нив простигнала и фотографија од дел од возилата, за чиј товар изворот им вели  дека е загрижен. Неофицијално, во нив има гориво од отпад наменето за голем индустриски капацитет во главниот град на земјата, а потеклото на пратката е од Италија.

Целиот текст на следниов линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.