Царинската управа вработува 119 лица. Огласот е објавен, а се бараат работници, поради, како што велат, привремено зголемен обем на работа, до крајот на следната 2021 година. Се бара советник за односи со јавност во Служба за односи со јавност, но и многу други советници, цариници и наплатувачи на граничен премин.
Паричен износ на основна нето плата за работно место: шеф на служба за проекти – 35.826 денари, самостоен советник за заштита на права од интелектуална сопственост, самостоен советник – аналитичар, самостоен советник за сметководство, самостоен советник за плаќање и самостоен советник за цариннски надзор – 34,114 денари, самостоен советник за раководење со проекти – 37.538 денари, советник за односи со јавност, советник за проекти и стратегија и советник за апликативна поддршка – 32.391 денари, инспектор за финансиски истраги – 28.967 денари, водител на смена – 35.173 денари, виш цариник – 32.729 денари, цариник 24.336 денари, оператор – 28.967 денари, административен оператор – 25.543 денари и наплатувач – 17.843 денари.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.