Од Царинската управа денеска за „Република“ потврдија дека во петокот кај двајца вработени биле пронајдени пари за кои немале оправдување за нивното потекло.
Со цел објективно известување на јавноста, а поврзано со пишувањата на вашиот портал, ве известуваме дека на ден 03.07.2020 (петок), инспектори од Секторот за професинална одговорност од Царинската управа, при извршување на своите редовни активности и внатрешна контрола, кај двајца вработени се пронајдени денари во износ поголем од пропишаниот според правилникот за работа. Од страна на Секторот на професионална одговорност е покрената постапка за утврдување на можни неправилности при работењето, велат од Царинската управа.
Додаваат дека Царинската управа и понатаму продолжува со нулта толеранција за корупција во сопствени редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.