Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски присуствуваше на одбележувањето на пуштање во употреба на главната сообраќајна артерија во Прилеп, булеварот „Гоце Делчев“.
Прилеп треба да се гордее со овој булевар, современ булевар со пешачки и велосипедски патеки кој граѓаните го очекуваа долги години. Булеварот е со две коловозни ленти во едниот правец и две во другиот правец, меѓусебно одделени со зелен појас, во кој е поставено осветлувањето. Должината на реконструираниот булевар изнесува 560 метри и со комплетната реконструкција на улицата „Прилепски бранители“ со три коловозни ленти, Прилеп добива модерна сообраќајна инфраструктура, подвлече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.