Туризмот во август годинава во однос на лани бележи пораст кај домашните туристи за 8,9 отсто, додека кај бројот на странските туристи во овој месец има намалување од 92,8.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесувал 133.704, а бројот на ноќевањата 684.719.

Бројот на туристите во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е намален за 38,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 24,3 отсто.

Бројот на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 8,9 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 92,8 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 1,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 91,3 отсто.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на тој период лани, бројот на туристите е намален за 59,9 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 25,3 отсто, а кај странските има намалување за 82,2 отсто.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 45 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 16,3 отсто, а кај странските има намалување за 82,8 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.