Господине Заев три години чекаме да проработи, да го вклучите бројчаникот, а вие три години во штекер не го вклучивте. Знаете зошто е тоа така, затоа што тоа што за вас беше режим претходно, токму тие кои ги нарекувавте режим ги викнавте да гласаат, ги злоупотребивте за гласови и трговија, му рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првата телевизиска дебата што се емитуваше на телевизија 24.

Мицкоски укажа дека тој не работи така, дека тој ветува проекти на кои се обврзува дека ќе ги раелизира.

Јас не функционирам така, јас гледам како да направам нешто подобро. Има огромна разлика меѓу вас и мене господине Заев. Заев имаше три години и беше и претседател на владата, и директор, и обвинител и можеше многу да направи, му рече Мицкоски на Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.