Британската компанија „Егзагеника рисрч“ има интерес да спроведе истражување за потенцијалите на водните ресурси во Македонија и за можностите за нивно комерцијално користење, соопштија претставници од компанијата на средбата со премиерот Зоран Заев.
На средбата присуствуваше и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, како и дел од советниците на претседателот на Владата и на Министерството.
Гостите од Велика Британија, предводени од основачот на компанијата, Рис Воткинс, на премиерот Заев му ја презентираа технологијата „Хидра“, која овозможува пренос на големи количества вода од една до друга земја.
Заев рече дека ваквите иницијативи се добредојдени и дека секоја иновација која на земјата ќе ѝ донесе нови работни места е прифатлива.
Премиерот Заев потенцира дека Владата е отворена за нови идеи и дека сака да ги применува искуствата од добрите примери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.