Фејсбук страната на Централниот регистар е хакирана, соопшти директорката Марија Бошковска-Јанковски.
Таа вели дека објавите кои ќе бидат постирани од таа страна не треба да се земаат предвид, бидејќи содржините не се став на Централниот регистар.
Во моментот се изработува нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Воедно страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централниот реистар се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат, додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.