Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција истакна дека „Заев и Владата во заминување ја распродаваат државата, овој пат стигнаа и до новиот бонбона бизнис продажба на Тиквешко езеро“.
Бонбона бизнисот со продажба на Тиквешко езеро ќе донесе милиони на блиски луѓе на Заев чија влада е во заминување.
Никој во светот не продава таков стратешки имот.
СДСМ ги користи последните денови на власт за да ги наполни џебовите на своите олигарси.
Ова значи грабеж на граѓаните. Пред избори туркаат грабеж.
Планот за ЈПП за ХЕЦ Чебрен е штетен за државата, бидејќи според истиот на АД ЕЛЕМ би му припаднале само 25% од акумулацијата. За сметка на приватниот инвеститор кој би бил мнозински сопственик.
Со овој план на 50-тина дена пред изборите СДСМ сака да го даде целиот воден фонд на Црна Река на приватен стопанственик, а воедно и управувањето со хидроцентралата Тиквеш.
Правното лице кое ќе ја добие концесијата од Владата ќе ја има една од најдолгите реки во државата и хидроцентралата Тиквеш на поклон.
Ова е втор бонбона бизнис на СДСМ во енергетскиот сектор. И овој пат граѓаните остануваат повторно со празни раце.
Вакво раскрчмување на водниот потенцијал на Македонија нема да дозволиме. Црна Река е огромно богатство за државата и истата треба да биде искористена на начин на кој ќе има најголем бенефит за граѓаните
Уште еднаш апелираме власта да запре со раскрчмувањето на државните ресурси. Одговорност ќе има, заврши Антовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.