Jавноста има право и треба да знае дали „АД ЕСМ“ наместо да се всели во новата зграда кој патем стои празна повеќе од три години, а воедно е и енергетски ефикасна, сега има намера да го купи делот на „ЕВН Македонија“ од старата зграда која е во близина на ГТЦ и тоа во висина од речиси 2 милиони евра?
ЕВН Македонија, минатиот месец со електронско јавно надавање како единствена компанија која се пријавила на аукцијата, ја купи од Град Скопје, Градската куќа за сума од 785.031.818 денари или 12,7 милиони евра. Само за потсетување, Градската куќа започна да се гради во времето на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. За истата беа потрошени 20,5 милиони евра, а во неа требаше да се всели градската администрација, проект со кој трајно ќе беше решен еден од главните проблеми во главниот град.
Овој објект има капацитет за 650 вработени, но актуелниот градоначалник, Петре Шилегов, тврдеше дека во Градската куќа собира само 350, но исто така тврдеше дека немаат договор со ЕВН Македонија за нејзина продажба, за подоцна да се утврди сосема спротивното. Градската куќа беше продадена за 12,7 милиони евра, речиси осум милиони евра помалку од нејзината реална вредност, се поставува прашањето дали ова е уште еден „бонбона бизнис“ на СДСМ?
Според извори блиски до Владата „АД ЕСМ“ има намера да го купи делот на „ЕВН Македонија“ во старата зграда до ГТЦ, која безмалку личи на рушевина и за која на „АД ЕСМ“ ќе и требаат дополнителни средства за да ја реконструира и да ја доведе во функционална состојба.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш тврдеа дека зад оваа продажба се крие голем криминал. Ирена Попова, советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје рече дека Шилегов сака да го „почасти“ новиот купувач.
Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го “почасти”, гратис земјиште и нула износ на комуналии“, изјави советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Ирена Попова.“
Иако во минатото „ЕЛЕМ“ (АД ЕСМ) инвестираше во веќе постоечка нова зграда, која е енергетски ефикасна, таа остана празна.
Сега се случува најголемиот парадокс на денешницата:
„АД ЕСМ“ гради нова зграда која воопшто не е вселена, стои празна и пропаѓа веројатно заради тоа што е дел од проектот „Скопје 2014“.
Потоа го купува делот на „ЕВН Македонија“ во старата зграда до ГТЦ, која безмалку личи на рушевина.
На крај на „АД ЕСМ“ ќе и требаат дополнителни средства за да ја реконструира и да ја доведе во функционална состојба претходно споменатата зграда која личи на рушевина.
Заклучок е дека некој три пати ќе плати за исто нешто. Во оваа ситуација излегува дека „АД ЕСМ“ им ја купи градската куќа на „ЕВН Македонија“, кои ќе се вселат во нов објект. За разлика од нив и град Скопје и „АД ЕСМ“ ќе останат со стари објекти за кои уште дополнително ќе трошат средства за реконструирање.
Извор: Курир.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.