Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изјави дека експропријацијата на првата фаза од делницата на автопатот Скопје – Блаце е целосно завршена.
Бочварски истакна дека градбата се одвива со добра динамика и очекува наредната година да биде готова.
Во 2020 година кога дојдов на функцијата беа останати уште неколку предмети, но веќе се завршени и градбата оди непречено. На одредени позиции има нови состојби кои ги увидуваат надзорните органи и тие предизвикуваат да се направат некои нови работи во делот на потпорни ѕидови и решавање на косини со што потоа автопатот безбедно би бил ставен во функција – изјави Бочварски во одговор на прашање на прес-конференција во Владата.
Тој вели дека предизвиците се решавале тековно и не биле од некој голем обем што не може брзо да биде решен.
Верувам дека во текот на наредниот период ќе се отстранат и ќе продолжи изградбата на тие позиции. Градбата на првата делница се одвива со добра динамика и очекуваме наредната година да биде завршена заедно со сите предизвици кои се јавуваат во текот на градењето – посочи Бочварски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.