Во финална фаза се процедурите од тендерската постапка за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој додава дека за двете делници во игра се осум компании.
Бочварски очекува на почетокот на годината да се склучат договорите со избраните компаниите.
За првата делница Куманово – Бељаковце имаме три заинтересирани фирми, за втората делница Бељаковце – Крива Паланка имаме пет заинтересирани компании. Нашите и моите очекувања се дека во текот на јануари ќе можеме да потпишеме и договор и кон крајот на првиот квартал, односно напролет 2022 година да започне да се гради пругата кон Бугарија. Тоа е многу значајно и со инвестиција од околу 200 милиони евра првата и втората фаза ќе влезат во реализација – изјави Бочварски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.