Над 180 илјади транскациски сметки кои ги поседуваат физички лица односно граѓани се блокирани, покажува статистиката на Народната банка. Последниот податок е до крајот на јуни годинава односно се однесува за првото полугодие, а покажуваат дека во споредба со крајот на минатата година има благо зголемување на сметките кои се „надвор од фунцкија“.
Сметките ги блокираат најчесто извршители за банките, компаниите, но и за други надлежни институции, најчесто заради долгови по разни основи кои ги создаваат граѓаните. Точниот број на блокирани сметки на крајот на јуни е 221.365, а од нив физички лица поседуваат 185.151 физичко лице, додека на правни лица, односно на компани или други организации се 36.214 сметки
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.