Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски проневерил скоро 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводители, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на сметки на нему блиски лица. Ова се изводите од банкарската жиро сметка на Сојузот, од кој јасно се гледа патот на парите, истакна денеска на прес-конференција Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во период од 01.01.2018 година до 01.10.2018 година од сметката на Сојузот на сметка на пријателот на Зоран Заев и Спасовски, Кире Неделковски се префрлени 5.544.600 денари. Криминалот на Заев, Николовски и Спасовски, Кире Неделковски започнал во 2017 година, во период од 21.09.2017 година до 27.12.2017 година Неделковски си префрлил 1.099.500 денари.Тоа можете да го утврдиме од следниот извод на банкарската сметката на Сојузот. Криминалот го потврдува и Надзорниот одбор на Сојузот, кој во овој Извештај од 18.10.2018 година, утврдил дека Неделковски во својство на претседател на Сојузот предизвикал финансиска штета во 2018 година, од околу 9.000.000 денари, по што Неделковски е разрешен.
Неделковски шемата за испумпување на пари ја правел и преку свои блиски лица, па така од сметката на Сојузот ги полнел џебовите и делел позајмици на својот зет за ќерка, како и на неговите блиски пријател, изјави денеска Трипуновски.
Како што додаде тој, криминалот не завршува тука. Откако Надзорниот одбор го разрешува
Неделковски, тој во два наврати се враќа на позицијата претседател на Сојузот, затоа што Централниот регистар на Република Македонија под притисок на власта не сака да го впише како официјален потписник новоизбраниот претседател. Со тоа му се овозможува на Неделковски да проневери дополнителни 9 .000.000 денари од здружението.
Овој огромен криминал тежок 300.000 евра две години чека на разрешница од Јавното Обвинителство и за органите на гонење на финансиски криминал. Сојузот на 18.10.2018 година поднел и кривична пријава против Кире Неделковски, но реакција во однос на истата нема. Наместо во притвор Неделковски е во слобода и поради нереагирањето на власта му било овозможено да го повтори делото. Сојузот на 09.02.2019 година, пишал и Известување адресирано лично до премиерот Зоран Заев, тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Државниот инспекторат за земјоделие, Централниот регистар на Република Македонија и Сојузот на стопански комори. Реакција од ниту една институција нема, истакна Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.