Стопанската Комора на Србија обезбеди 10.000 дози на вакцини за стопанствениците и работниците во регионот, меѓу кои и за Македонија, објави нејзиниот претседател Марко Чадеж.

– Се надеваме на адекватен одзив, бидејќи за нас е важно бизнисмените кои соработуваат со Србија, но и меѓу себе, пред сè во туризмот и услужните дејности, да може да патуваат во пресрет на новата сезона. Ова е наш придонес за заштита во регионот. Немаме квоти по комори. Се надеваме дека ќе има интерес и луѓето ќе се пријават, изјави Чадеж.

Вакцинацијата за бизнисмени од регионот ќе се фреализира во текот на претстојниот викенд во Белград.

– Треба само компаниите да се пријават во своите стопански комори кои во координација со Стопанската комора на Србија, ќе организира вакцинација во Белград, додаде Чадеж.

Вчера во Врање се вакцинираа 100 новинари од Македонија, а во соработка со збратимените синдикати од Република Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на Независниот синдикат на полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.