Изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, објаснувајќи дека нема развиена економија без добра инфракструктура.

Мицкоски во името на партијата јавно се обврза на обнова, особено во делот на економијата.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.

 

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.

 

Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип – Кочани, експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Градско – Прилеп, рече на денешната прес-конференција Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.