На иницијатива на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Владата донесе одлука да се формира нова државна индустриска зона во Битола. Во оваа фаза, индустриската зона зафаќа површина од три хектари, на дел од локацијата каде предходно се протегаше општинската индустриска зона „Жабени“.
Дирекцијата за ТИРЗ ќе вложи еден милион евра за подобрување на условите за работа, со план, до крајот на годината овој износ да се зголеми на 3 до 4 милиони евра, согласно потребите на инвеститорите.
Од ДТИРЗ информираат дека во соработка со Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски систем, координација на економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во напредна фаза се преговори со првиот потенцијален странски инвеститор за новата зона, а интерес за инвестиции, со ваков пристап на поддршка од државата изразиле и други компании.
Основањето на новата зона дел од новиот пристап на ДТИРЗ и модел преку кој треба да се обезбеди поддршка од Дирекцијата и државата за побрзо креирање подобри услови за инвестиции во општините. Истовремено на овој начин се создаваат исти услови за инвестирање и за странските и за домашните инвеститори.
Од ДТИРЗ информираат дека, освен новата индустриска зона Битола, годинава почнале инвестициски циклус од 15 милиони евра во инфраструктура во повеќе други индустриски зони – план првпат изготвен во соработка со компаниите корисници и според нивните потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.