Вицепремиерот Фатмир Битиќи во вечерашното дебатно издание „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека немаат понуда за продажба на државните акции во Телеком, но додава дека се е можно.

„Веројатно ќе биде опција ако се покаже дека сегашниот модел не произведува додадена вредност за државата. Иако има шпекулации, ние се уште немаме официјална понуда, но ако моделот кој ќе се понуди, а притоа има додадена вредност, не само на приходната страна, не е работата да најдеме уште еден приход за 2021 – не размислуваме за една година, размислуваме за подолг период и ние ги решаваме проблемите затоа што од расходна страна ми одземаат средства во подолг временски период и сакаме да најдеме модели коишто на приход на страна ќе дојдат приходиво подолг временски период затоа што така се решаваат проблемите системски во една држава“, вели Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.