Енергетската криза е увезена, но има влијание и производството во Македонија каде што се потфрла во државното производство на енергија.Јас сум целосно незадоволен од тоа. Но, тоа е само последица од лошо менаџирање на енергетскиот сектор во последните 20 години, вели за Утрински брифинг со вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи.
За жал нашите деца ќе ја плаќаат цената. Не може енергетскиот сектор да се подобри за две години. За еден капацитет се потребни најмалку две-три години. Мислам дека сме на вистински пат, оти очигледна е нашата стратегија на инвестирање во обновливи извори на енергија. Но таа цена е поскапа од енергија што доаѓа од лигнит која беше поштетна за здравјето на граѓаните. Знаеме што ќе правиме со ТЕЦ, ќе почнеме да се откажуваме од јагленот, кој веќе го нема или е со послаб квалитет. Има дискусии околу одлуката на оваа влада за првпат да инвестираме во проект надвор од државата, станува збор за проектот Александрополис, но за три години ќе се покаже дека сме биле во право, заклучува Битиќи.
Тој очекува дека градовите оваа Нова година ќе бидат украсени и покрај тоа што има најави од некои градоначалници дека нема да има прослави и украсување.
Јас очекувам дека без разлика што ќе се случува со справувањето со енергетската криза треба полека да се опуштиме и да славиме Нова година во украсени градови и се надевам дека нема да биде во сивило кои го најавија новите градоначалници, вели вицепремиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.