Претседателот на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) вели дека граѓаните кои се погодени од корона кризата односно зимаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата.

Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира, вели Бислимовски.

Тој рече дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.