Сите механизми коишто ѝ стојат на располагање на Регулаторната комисија за енергетика ќе бидат искористени за да се ублажат ефектите од ценовната криза на струјата, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Како што вели тој, се очекува ценовната криза да трае до март или април.
„Она што најодговорно го кажувам е дека сите механизми коишто ѝ стојат на располагање на Регулаторната комисија за енергетика ќе бидат искористени. Факт е дека ни престои тешка и кризна година, каде што има надворешни фактори коишто влијаат на цената на електрична енергија и според мене, сите тие чинители и оператори на системи и производители и снабдувачи и потрошувачи заеднички треба да го понесат тој товар“, вели Бислимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.