Директорот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител ТВ коментирајќи го инцидентот кој се случи пред два дена, рече дека е изненаден од самиот настан.

Искрено и за мене беше големо изненадување. Претходно, не сум чувствувал притисоци и закани. Вообичаено кога ги носиме одлуките, дел од одлуките завршуваат на суд и ние таму ги решаваме работите. Ова е пристап онака како што некој решил да го прави и тоа е тоа, вели Бислимоски.

Тој додава и дека не се плаши воопшто и дека ќе продолжи со работата како и до сега.

Сакам да истакнам дека не се плашам, дека ќе продолжам да работам како и до сега и она што ми е многу важно сакам да им се заблагодарам не само на пријателите што ми се јавуваат туку на обични луѓе коишто ме сретнаа овие два дена и ми дадоа поддршка да продолжам да работам како и до сега. И тоа е единствениот пат, кажа Бислимоски.

Бислимоски вели дека немал никакви претходни закани од компанијата „У Повер“.

Никакви претходни закани не сум имал од таа компанија. Таа компанија коректно си работеше на пазарот. Во одреден период го зголемуваше своето портфолио на потрошувачи и тоа е тоа. Значи, такви закани до сега не сум имал, додава Бислимоски.

Вели дека до сега заканикон него најчесто биле упатувани преку Фејсбук, но не им обрнувал внимание.

Закани имаше по носењето на одлуката за намалување на цената на парното, добив закана „куршум за тебе“. Пријавена е таа, по фејсбук беше тоа и од прилика тоа било тоа. Немало некои закани, а и не сум ни обрнувал внимание и понатаму уште помалку ќе им обрнувам внимание, рече Бислимоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.