Грејната сезона почна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите – посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, на редовниот месечен координативен состанок со енергетските компании.
Тој нагласи дека енергетската состојбата во Европа е комплексна, секоја држава ги моделира решенијата врз основа на солидарност – помагање едни со други и рационално трошење на електричната енергија.
На состанокот разговаравме за трите постулати врз основа на кои се менаџира состојбата: остварување на планираното зголемено производство за електрична енергија што подразбира 100-отстотно покривање на потребите за домаќинствата и малите потрошувачи, како и вишок енергија што ќе биде насочена кон стопанството. Паралелно, на состанокот се оцени како позитивна таргетираната помош за ранливите категории – иницијатива на РКЕ и препорака на Енергетската заедница. Координираните системски мерки ќе помогнат да се амортизира состојбата и да им се помогне на оние кои што им е најпотребно. Допрва доаѓаат месеци во кои температурата ќе биде пониска, затоа е неопходно рационално трошење на сите енергенси – изјави Бислимоски.
На состанокот беа присутни претставници од енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.