Цената на струја ќе поскапи, но тоа нема да биде драстично, изјави синоќа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски во „Економски магазин“.

Драстично зголемување нема да има затоа што тоа не е решение на проблемот. Со драстично зголемување на цената нема да се подобри ситуацијата, ќе се влоши, бидејќи ќе се намали процентот на наплата и тоа не ни е целта. Целта е да го одржиме, колку што се може во вакви услови на енергетска криза во цела Европа, нашиот систем стабилен, потенцира Бислимоски.

Според Бислимоски, сѐ што е над 20 проценти во делот на електричната енергија е драстично зголемување.

РКЕ денес на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.

На вчерашната подготвителна седница беа претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.