Државниот пазарен инспекторат го затворил ресторанот „Елита” во Тетово каде што синоќа имало свадба на која гостите ги забавувала пејачката Биг Мама.

Информацијата за „Слободен печат” ја потврди директорот Стојко Пауновски, кој рече дека инспекторите до доцна во ноќта постапувале на терен во ресторанот кој се наоѓа во близина на тетовската пожарна.

Согласно протоколот за работа на угостителските објекти, забрането е да се организираат свечености, како свадби, крштевки, родендени во угостителските објекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.