Оштетените штеачи од Еуростандард банка ја обвинуваат гувернерката на НБРМ Анита Бежоска за непрофесионално и нетранспарентно работењее.

Да беше Народна банка, односно гувернерката Бежоска, професионална, немаше да се случи масовниот грабеж со делење на непокриени кредити и перење пари во сега пропаднатата Еуростандард банка, обвинуваат тие.

Во соопштение испратено денеска до јавноста штедачите тврдат дека гувернерката Бежоска знаела и била свесна за лошата состојба во банката со години, но ништо не направила за да го спречи криминалот и да не заштити од пропаѓањето на нашите доверени лични средства.

Уште во 2017 година гувернерката Бежоска била информирана и добро знаела дека се вршат трансакции преку кои се перат пари и други приноси од казниво дело со отворање банкарски сметки на оф-шор компании, за да овие активности многукратно се зголемат во текот на наредните две години. Овие доверливи информации и докази гувернерката Бежоска ги добила од финансиското разузнавање и молчела со години, за да поднесе кривична пријава за перење пари против раководните лица во Еуростандард банка дури два месеца откако ја затвори истата. Гувернерката Бежоска и Народна банка како институција имале законска обврска да ја поднесат кривичната пријава за перење пари уште кога ги имале првите докази, а не да молчат и чекаат со години за да го направат тоа откако ќе ја затворат банката и целосно ќе ни пропаднат нашите пари.

Штедачите прашуваат за каков профезионализам зборува гувернерката кога иако знаелашто се случува во банката, поднела 21 решение со повеќе од 70 супервизорки мерки, а грабежот на депозитите да продолжи и гувернерката Бежоска да не ги одземе лиценците за работа на раководните лица во банката.

Што правела гувернерката Бежоска кога мерките не се почитувале ниту исполнувале од раководните лица во банката!? Ги оставила да продолжат да крадат!

Тие ја повикуваат гувернерката Бежоска да одговори и разјасни зошто Еуростандард банка се затвори среде пандемија и веднаш по парламентарните избори оваа година, а не пред тоа кога веќе било јасно каква е состојбата на банката.

Транспарентноста е многу слаба страна на Народна банка и гевернерката Бежоска.

Веројатно гувернерката Бежоска подразбира дека транспарентност е да се соопшти на кругот пријатели и блиски соработници дека банката ќе се затвори за неколку денови, за да побрзаат да ги извадат депозитите од Еуростандард банка. Оваа „транспарентна“ информација гувернерката Бежоска најверојатно ја има споделено и со претходната министерка за финансии Нина Ангеловска додека дискутирале во Комитетот за финансиска стабилност. Па така, претходната министерка Ангеловска си ги подигнала парите од банката пред нејзиното затворање, за да потоа Антикорупциската комисија констатира конфликт на интереси и немање на професионален и морален кредибилитет на министерката Ангеловска. Тоа воопшто ѝ не попречи да таа подоцна биде наградена и со место во одборот на директори на Македонски телеком по предлог на Владата.

Оштетените штедачи велат дека им е јасно дека не можат да очекуваат никаков конкретен одговор од гувернерката Бежоска бидејќи таа е соучесник во криминалот во банката и секакво нејзино признавање на делото преку изнесување на вистината може да биде штетно за неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.