Во октомври ќе следува нов бран на отпуштања, ако владата не им помогне на компаниите сега и веднаш, оцени претседателката на Сојузот на Стопански комори, Даниела Арсовска во вечерашната „Топ Тема“, во одговор на прашањето за можното зголемување на бројот на граѓани кои може да ја изгубат работата заради пандемијата корона вирус.

Стопанските комори бараат од владата да биде продолжена помошта од 14 500 денари за фирмите, кои според нив треба да добијат и грантови. Истовремено, неопходно е и да бидат подготвени и протоколи за работа во сите сектори, бидејќи во моментов дел од превозниците и угостителите немаат протокол за работа.

Стопанственикот Горан Рафајловски во вечерашната Топ Тема оцени дека вели дека за стопанството треба да се дадат сериозна количина на пари, а не да се оди со популистички мерки како платежните картички за граѓаните кои ги оценува како мерки со краткотрајни ефекти. Фокусот на владината помош, според него, треба да биде на помошта за 80.000 мали и средни претпријатија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.