Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат зборуваше за главните цели на предлог-буџетот за 2022 година.
Притоа, тој нагласи дека буџетот претставува зголемување на приходите од 7,4 отсто, а на расходите за 1,4 отсто.
„Предлог-буџетот за 2022 година има четири главни цели, при што првата е заштита на здравјето на граѓаните од пандемијата Ковид-19, втората е поддршка на економијата во овој период на кризни последици, но и економско закрепнување, третата е фискалната консолидација и зголемувањето на капиталните инвестиции во буџетот и четвртото е поврзано со нормалното функционирање на буџетот како и нормалното функционирање на политиките и реформите поврзани со судството, евроатлантските реформи и други“, рече Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.