Министерот за финансии Фатмир Бесими и неговиот заменик, Драган Ковачевски се пофалија дека кредитната агенција „Standard & Poor’s” одредиле ББ- кредитен рејтинг за Република Македонија, или во превод „ѓубре кредитен рејтинг“ (junk) или „високоризична земја за кредитирање“.

Кредитниот рејтинг ја утврдува способноста на земјата да ги сервисира своите долгови кон кредиторите, ако се земе предвид брутодомашниот производ, степенот на задолженост, како и политиките кои се водат во земјата и нејзината меѓународна позиција. Согласно овие индикатори нашата земја е оценета како високоризична за инвеститорите од кредитната агенција „Standard & Poor’s”.

Министерот за финансии Бесими и заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски пак сметаат дека овој резултат на земјата е „потврда за добрите економски политики кои се водат во земјава“.

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг за РС Македонија на ББ-, со стабилен изглед‼
👉 Потврдата на кредитниот рејтинг е само уште една потврда за позитивните економски политики коишто ги спроведува Влада на Република Македонија – напиша Ковачевски.

Со истиот статус, само преведен и на албански јазик, излезе и министерот Фатмир Бесими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.