Со репрограмирање на каматната стапка од 3,975 отсто за еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата еврообврзница, годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на својот Фејсбук.

Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Со репрограм на каматната стапка од 3,975 oтсто за Еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата Еврообврзница годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, напиша Бесими.

Ова е исклучително важно, посочува Бесими во објавата, за да создадеме јасна слика во каква кондиција е буџетот и како ги менаџираме сите програми што се предвидени во време на криза. Тој потенцира дека со ребалансот се зголемува поддршката за справување со Ковид (здравство, социјално загрозени категории и стопанство) и се зголемуваат капиталните расходи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.