Околу 2.000 рекламации поднеле граѓаните за изгубени поштенски пратки, покажува извештајот на Агенцијата за пошти што денеска беше јавно презентиран во Скопје. Оваа бројка, според директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасов, не го отсликува вистинскиот квалитет на услугата што се нуди и потребна е либерализација на поштенскиот пазар кој има потенцијал за развој.

Секогаш кога постои монопол и кога нема притисок од конкуренцијата, тогаш квалитетот на услугите е низок – вели Атанасов чиј мандат завршува како директор на Агенцијата за пошти.

Во однос на лимитот на царинење на пратките од електронската трговија, Атанасов вели дека огромната разлика меѓу износот за бесцарински увоз за лична употреба во патниот и во поштенскиот сообраќај отвора простор на злоупотреба.

Директорот Атанасоски вели дека Агенцијата за пошти не се откажала од старата иницијатива на граѓаните да им се даде можност од странските електронски продавници да увезуваат предмети за лична употреба до вредност од 150 евра без да платат царина. Додава дека секоја година се доставува до надлежните, но
никогаш нема одговор. Инаку, за разлика од нашите 22 евра, ова е и лимитот кој важи во земјите на Европската Унија Можноста во патниот меѓународен сообраќај без царина да се внесе стока вредна до 350 евра, а по пошта само до 22 евра, отвора простор за нелегална трговија и е една од бариерите за развој на
поштенскиот сектор, смета директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски.

Дискрепанцата меѓу износот за бесцарински увоз на предмети за лична употреба во патниот сообраќај и во поштенскиот сообраќај е 350 евра спрема 22 евра. Тоа создава еден поширок проблем на злоупотреба на тие определби. Во тој систем се вклучени и службеници на Царинската управа и МВР. Ова го тврдам со оглед на тоа што можноста за бесцарински увоз до 350 евра во патен сообраќај се злоупотребува за нелегален увоз и тоа е една од бариерите за развој на поштенскиот сектор – појаснува тој.

Атанасоски вели дека Агенцијата не се откажала од старата иницијатива на граѓаните да им се даде можност од странските електронски продавници да увезуваат предмети за лична употреба до вредност од 150 евра без да платат царина. Додава дека секоја година се доставува до надлежните, но никогаш нема одговор.
Инаку, за разлика од нашите 22 евра, ова е и лимитот кој важи во земјите на Европската Унија.

Иницијативата за подигање на бесцаринскиот лимит за стоки за лична употреба преку поштенски сектор, што всушност се пратките од онлајн трговијата, континуирано ја актуализираме секоја година. меѓутоа, тука се доаѓа до проблемот кој јас го гледам во поширока основа. И претходната и оваа Влада потпирајќи се на монополот што го има, Македонска пошта ја користат како претпријатие за вработување во кое само шалтерските работници, според информации изнесени во медиумите, украле околу два милиона евра, па не ја гледаат потребата да излезат во пресрет на таа иницијатива. Јас се уште тврдам дека тоа е сегментот на кој треба да се темели иднината на Македонска пошта – истакнува
Атанасоски.

Инаку, податоците за минатата година зборуваат дека електронската трговија во меѓународни рамки достигнала еден трилион долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.