Цените на бензинот и на дизел горивото од вечерва по полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, додека за денар и половина поевтинува нафтата за домаќинствата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,876 ден/кг.

Како што информира Комисијата од 10 август максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,876 (денари/килограм)

Регулаторната комисија за енергетика потсетува дека трговците на големо и мало можат нафтените деривати да ги продаваат и по пониска цена, но не и по повисока.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.