Цената на дизелот останува непроменета, додека бензините поскапуваат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија.

Од ноќеска цената „еуросупер 95“ се зголемува за половина денар и ќе изнесува 48,50 денари за литар. Цената на „еуросупер 98“ исто така се зголемува за половина денар и ќе изнесува 50,50 денри за литар.

Цената на дизелот останува непроменета, односно и оваа недела ќе се точи за 45 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 33 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.