Од полноќ за половина денар се зголемуваат цените на бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со иста цена и во следните седум дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,251 денари за килограм и ќе изнесува 26,531 денари за килограм.
Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 проценти во однос на минатонеделната одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.