Министерот за економија Крешник Бектешки на денешната прес-конференција презентираше ваучери како мерка за заштита на туристичкиот сектор кој е најпогоден од кризата со коронавирусот.
-Во делот на туризам, министерството за економија изготви уредба со законска сила каде што ќе се издадат ваучери на туристичките агенции во вредност од сумата за уплата на ангажманот откажан поради коронавирусот.
Со оваа мерка ќе им се овозможи да издаваат ваучери во износ од уплатената сума заклучно со 31 декември 2021 година.
Агенциите кои ќе престанат да ја вршат дејноста имаат обврска средствата целосно да им ги вратат на клиентите. Оние кои нема да ги почитуваат условите, ќе добијат казни. За поддршка на туризмот, Здружението за заштита на авторски и музички права донесе одлука да ги ослободи од плаќање од надоместок за музика, хотелите, угостителските објекти, со оглед на тоа што и моментално не работат, рече Бектеши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.