Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, на настан по повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември, изјави дека туристичката сезона била успешна и дека кампањата „Дома си е дома“ и ваучерите за поттикнување на туризмот ги привлекле домашните туристи, а безбедносниот печат значително придонел за странските гости.

Бектеши најави дека дигитализацијата и промоцијата на земјава како атрактивна дестинација, ќе бидат меѓу приоритетните активности во областа на туризмот.

Туризмот во светски рамки беше еден од најпогодените сектори. Владата го поддржа со конкретни мерки и активности. Според сите показатели, годинава се постигнати очекуваните резултати. Имајќи ги предвид бројките, мерките дадоа видливи резултати. Во периодот јануари – јули 2021 во однос на истиот период лани, бројот на туристи е зголемен за 56,6 отсто или регистрирани се 320.000 туристи кои оствариле над еден милион ноќевања – изјави Бектеши.

Годинашниот Светски ден на туризмот, 27 Септември, се одбележува под мотото „Туризам за инклузивен развој“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.